Извлечени најсреќните потрошувачи од второто коло на наградната игра на БЕНЗОИЛ

Извлечени најсреќните потрошувачи од второто коло на наградната игра на БЕНЗОИЛ

Во сабота на 24-ти април, на Бензинската станица „БЕНЗОИЛ“ на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се одржа второто извлекување од големата Наградна игра во која учествуваат сите потрошувачи на горивата на „Бензоил“, кои од првото извлекување на 26 декември до денеска наполниле гориво за сума од најмалку 1.000 денари.

Главната награда во ова второ извлекување Мотор „Априлиа“ ја доби потрошувачот на горивата на „Бензоил“, Никола Џорлев од Струмица.

Електричен тротинет доби Велин Илиев од Турново, велосипед за Назми Шавлев од Градашорци, таблет доби Јован Митко од Василево, а мобилен телефон Коце Коцев од Дрвош. Наградените ќе бидат дополнително контактирани за подигање на наградите.

Наградната игра продолжува и понатаму, а сите недобитни ливчиња и оние кои во наредните месеци ќе наполнат гориво од Бензинските станици „Бензоил“ ќе учествуваат и во финалното извлекување кон крајот на годината во кое главната награда е Џип „Фолцваген Т-Крос“.

Во „Бензоил“ и лојалноста се почитува и наградува. За најлојалните потрошувачи со најмногу потрошени литри гориво, „Бензоил“ ќе ги награди на 26 јуни, кога ќе ги објави имињата на најлојалните потрошувачи, додека третото извлекување од ова наградна игра во кое повторно ќе се доделат скутер, тротинет, велосипед, таблет и мобилен телефон, ќе се одржи на 21 август.

Видео од доделувањето на наградите

Admin