Минатиот викенд беа извлечени најсреќните потрошувачи во четвртото коло од големата Наградна игра на бензинските станици „БЕНЗОИЛ“, а денеска на бензинската станица која се наоѓа на излезот од Струмица кон Дабиле беа доделени петте награди од ова последно коло.
Главната награда во четвртото извлекување мотор „Aprilia“ ја доби Дафинка Галева, електричен тротинет доби Томислав Спасевски, велосипед за Кристијан Ефтимов, таблет доби Стефан Наков и мобилен телефон за Коста Јанев.
Наградната игра продолжува и понатаму до финалното извлекување на 21 декември, а сите недобитни ливчиња и оние кои до 21 декември ќе наполнат гориво од Бензинските станици „БензОил“ ќе учествуваат во финалето во кое главната награда е Џип „Фолцваген Т-Крос“.