Ристо Алаџов е добитникот на главната награда автомобил „Фолцваген Т-Крос“ во финалното извлекување од големата наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“, кое се одржа денеска на 8-от роденден на ова компанија.
Алаџов е пресреќен и изненаден што од толку многу ливчиња од фискални сметки, токму неговото ливче го извлече малата Магдалена. Не ја очекувал, но кога го ставил ливчето во садот им обеќал на вработените доколку му се падне „џипот“ ќе им даде по еден круг да го извозат, а ова му била прва значајна награда. Тој им порача на сите возачи да полнат гориво од „Бензоил“, од најдобрата Бензинска станица што знае секогаш да ги изненадува своите потрошувачи.
По извлекувањето Алаџов веднаш беше телефонски известен за награда и дојде да ги прими клучевите од автомобилот, а во негова чест и по повод роденденот на „БЕНЗОИЛ“ беше организиран и мал коктел на самата Бензинска станица.
Во измината година и пол, колку што траеше ова наградна игра на „БЕНЗОИЛ“, беа доделени уште 20 награди во четири кола: четири скутери, четири електрични тротинети, четири телевизори, четири таблети и четири мобилни телефони.
Од „БЕНЗОИЛ“ најавуваат дека веќе од утре почнуваат да се подготвуваат за нова наградна игра, а за наградите ќе информираат наскоро.