На последниот ден од веќе старата 2020-та година беа доделени наградите од првото извлекување на големата наградна игра на бензинските станици „БЕНЗОИЛ“, кои беа извлечени на 26-ти декември.
Менаџерот на „БЕНЗОИЛ“, Ване Атанасов во просториите на бензинската станица им ги додели наградите, мобилен телефон на Крсте Секуловски, таблет на Томе Бекир, велосипед на Столе Црнгаров, електричен тротинет на Мите Чолаков и главната награда во првото извлекување скутер на Јован Аризанов.
Наградната игра продолжува и понатаму, а сите недобитни ливчиња и оние кои во наредните месеци ќе наполнат гориво од Бензинските станици „Бензоил“ од најмалку 1.000 денари ќе учествуваат и во финалното извлекување во кое главна награда е Џип „Фолцваген Т-Крос“.
Во „Бензоил“ и лојалноста се почитува и наградува! За најлојалните потрошувачи со најмногу потрошени литри гориво, „Бензоил“ ќе ве награди. Користете ги горивата на Бензинските станици „Бензоил“ и чекајте награди.