Почетоците на оваа компанија, датираат уште од 1999 год. Тогаш оваа компанија ја има отворено својата прва бензинска станица која се наоѓа на магистралниот патен правец Струмица-Радовиш-Скопје. Со голема посветеност и напорна работа, а пред се со нудењето квалитетни услуги и горива оваа компанија напредува.
И до денешен ден располага со модерен склад за нафта и нафтени деривати опремен со највисоки стандарди и возила кои вршат транспорт и дистрибуција на нафта и нафтени деривати на големо, на целата територија на РСМ.
Исто така компанијата располага со три бензински станици опремени со највисоки стандарди кои нудат продажба на мало на високо квалитетни горива, располагаат со богато снабдени маркети и кафетерии.
Со нашата макотрпна работа и со нашите високо поставени цели и стандарди успеавме да станеме високо конкурентна компанија на територијата на Република Северна Македонија.