Минатиот викенд беа извлечени најсреќните потрошувачи во третото коло од големата Наградна игра на бензинските станици „БЕНЗОИЛ“, а вчера на бензинската станица која се наоѓа на излезот од Струмица кон Дабиле беа доделени петте награди од ова претпоследно коло.
Главната награда во третото извлекување мотор „Ital get“ ја доби Сашко Кузманов, електричен тротинет доби Лидија Михајлова, велосипед за Ице Ристов, таблетот Христијан Стојковски и мобилен телефон за Тихомир Младенов.
Наградната игра продолжува и понатаму, а сите недобитни ливчиња и оние кои во наредните месеци ќе наполнат гориво од Бензинските станици „Бензоил“ ќе учествуваат и во финалното извлекување кон крајот на годината во кое главната награда е Џип „Фолцваген Т-Крос“. Претходно уште едно коло, односно Четвртото извлекување од ова наградна игра во кое повторно ќе се доделат мотор, тротинет, велосипед, таблет и мобилен телефон, а ќе се одржи кон крајот на месец октомври.